Ливерпул го пријави Салах во полиција зошто имал мобилен во рака додека возел автомобил! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Фановите на Ливерпул и самиот клуб му направија проблеми на Мохамед Салах. На социјалните мрежи се појави видео од Египјанецот како го користи мобилниот телефон зад воланот.

Се претпоставува дека видеото е напревено по победата од 4-0 над Вест Хем во неделата. Навивачи, помеѓу кои има и деца, се обидуваа да го привлечат вниманието на Мохамед Салах во надеж дека ќе добијат автограм, но напаѓачот ги игнорираше и го користеше својот мобилен.

Според законите во Велика Британија, забрането е да се има мобилен во рака додека се управува автомобил. Прекршок се прави и кога се користи мобилен телефон кога се чека на семафор или пак има застоj поради сообраќаен метеж.

Полицијата од Мерсисајд потврди дека го истражува случајот откако добила поплака, а за да биде уште поинтересно, Ливерпул е тој кој го пријавил Мохамед Салах.

„Откако разговаравме со играчот, клубот ја извести полицијата од Мерсисајд за видеото кое кружи на социјалните мрежи. Ниту клубот ниту играчот нема повеќе да коментира на оваа тема“ – порача портпаролот на „Црвените“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×