Вилијан се чувствува како препороден откако замина Конте. Бразилецот имаше голема доверба од Мурињо, но не и од Конте, па доаѓањето на Сари е добредојдено за него.
Запрашан дали ќе останеше во Челси доколку Конте се уште беше тренер, тој одговори: „Нема шанси“.
„Мислам дека оваа сезона имаме добра шанса да ги свртиме резултатите во наша полза бидејќи сега играме фудбал на поинаков начин“.
„Тренерот ни кажува како да играме, како да уживаме на теренот со одговорност. Сега имаме поинаков стил и затоа можеме да му создадеме проблем на Арсенал во сабота“.
„Ми се допаѓа овој начин на игра, забавен е. Имаме многу фудбалери во нападот кои имаат квалитет, како Азар и Педро на пример. Тие играчи сакаат да играат фудбал“.
„Како бразилска самба. Во Бразил на тој начин се обидуваме да играме, со вештини и движења“.