„Кралевите“
попладнево ја објавија експедицијата која ќе летне за Талин каде во среда Реал
Мадрид ќе се бори за првиот трофеј во сезоната. Хулен Лопетеги за
Суперкупот на Европа и дуелот со Атлетико Мадрид го повика и Лука Модриќ, кој
изминатите неколку недели силно се поврзува со трансфер во Интер.
Репрезентативецот
на „Коцкестите“ се има договорено со „Нероаѕурите“ но проблем е тоа што Реал
Мадрид, или поточно Флорентино Перез не сака да слушне за продажба.
Се верува дека
Лука Модриќ и првиот човек на „Кралевите“ имале џентлменски договор, но откако
ова лето Сантијаго Бернабеу го напуштија Зинедин Зидан и Кристијано Роналдо,
Флорентино Перез не помислува да се раздели со фудбалерот од средниот ред.
Медиумите од
Италија велат дека агентите на Лука Модриќ ќе останат во Мадрид и до последен
миг ќе се обедат да издејствуваат трансфер, но се чини дека Хрватот е се
подалеку од Интер ако во предвид се земе дека трансфер пазарот во Италија
финишира во петок.
This is our 29-man squad for the UEFA Super Cup! #RMSuperCup pic.twitter.com/0LhOTXxdYs
— Real Madrid C.F.(@realmadriden) August 13, 2018