Менди преку социјалните мрежи му одговори на Пеп

by
1 минути читање

Францускиот лев бек имаше импресивен настап против Арсенал во неделата откако ги намести и двата гола, на Стерлинг и Бернардо Силва.

Менди кој во Сити дојде од Монако во јули 2017 година за 49,2 милиони фунти, имаше само седум настапи во Премиерлигата минатата сезона пред да ги скине лигаментите на десното колено.

Сега Менди е комплетно подготвен и навивачите на Сити можат да го видат неговиот потенцијал. Пеп Гвардиола има пофалби својот фубалер, но не му се допаѓаат некои работи кои тој ги прави надвор од теренот.

„Менди е Менди. Понекогаш сакаме да го убиеме, понекогаш си помислувате каков фудбалер имаме ние. Ни дава енергија. Менди има многу работи да поправи се надеваме дека ќе го убедиме да заборави малку на социјалните медиуми и да поправи неколку работи“, изјави Пеп Гвардиола.

Оваа изјава на Пеп Гвардиола се појави на официјалниот твитер профил на Манчестер Сити. На тоа Менди реагираше со два твита. Во вториот даде ветување дека ќе се промени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×