„Чеканите“ ова лето потрошија речиси 100 милиони фунти на засилувања а на тренерското столче го донесоа и Мануел Пелегрини кој со Манчестер Сити беше шампион во Англија. Сепак, Вест Хем беше прелесен залак за Ливерпул во воведното коло од новата сезона.
Салах ги донесе домаќините во предност од 1-0 во 20. минута, а пред финишот на првиот дел една заспаност во одбраната на Вест Хем беше казнета за 2-0. Милнер беше уфрлен на подалечната статива а Англичанецот со краен напор ја врати топката во срцето на петерецот каде Мане рутински ја смести топката за дуплирање на предноста.
Истиот играч зголеми на 3-0 на стартот од вториот дел, гол кој не требаше да важи поради офсајд. Конечниот резултат го постави Стариџ во 88. минута. Напаѓачот само неколку секунди откако влезе во игра погоди за 4-0.
На вториот денешен натпревар од 14:30, Саутемптон одигра 0-0 со Барнли.