Нова драма во Суперкупот на Шпанија, Севиља и се закани на Барса со тужба!

by
1 минути читање

Суперкупот на
Шпанија вообичаено се игра во два меча, но поради обврските на Барселона на
Интернационалниот куп на шампиони и настапот на Севиља во квалификациите од
Лига Европа, како компромис беше решено да има само еден натпревар.

Но потоа следуваше
нова бура откако федерацијата, по примерот на Серија А и Лиг 1, реши мечот да
се игра надвор од Шпанија и го одбра мароканскиот град Танжер за домаќин.

Страстите некако
се смирија откако на двата клуба им беа ветени по еден милион евра, по 6.000
билети и платени патни трошоци.

Но на неполни 24
часа пред пресметката се случи нова драма откако федерацијата ги извести
клубовите дека за овој меч нема да има никакви ограничувања кога е во прашање
бројот на фудбалери надвор од ЕУ.

На Севиља не и се
допадна оваа одлука, па една минута по полноќ клубот од Андалузија на
социјалните мрежи издаде соопштение и најави дека ќе ја тужи Барселона доколку
во составот има повеќе од тројца странци.

Во моментов
„Каталонците“ имаат четворица играчи кои не се од ЕУ, односно летните
засилувања Малком, Артур и Артуро Видал, како и младиот дефанзивец Марлон.

Филипе Кутињо за
овој меч треба да се води како Португалец, бидејќи неговата сопруга има португалско
државјанство па тој на оваа основа стигнал до португалски пасош, иако не јасно е
дали пасошот е издаден или се уште е во процедура.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×