По поразот од
Манчестер Сити во Комјунити Шилд, Челси брзо се рехабилитираше и забележа лесна
победа во првото коло од новата сезона во Премиерлигата.
Канте постигна
гол во 34. минута за 1-0. Французинот закачи волеј, топката се одби од земја и
заврши во мрежата на домаќините. Пред финишот на првиот дел, Челси ја дуплираше
предноста. Новајлијата Жоржињо од пенал рутински реализираше за 2-0.
Точка на
натпреварот стави Педро во 80. минута. Азар украде топка на средината од
теренот, повлче контра и му асистираше на Шпанецот за 3-0.
Преостанатите три
меча кои беа на програмата попладнево завршија со идентичен резултат. Борнмут
со 2-0 го совлада Кардиф, Ватфорд со истиот резултат триумфираше над Брајтон, а до триумф од 2-0 стигна и Кристал Палас на гостувањето кај Фулам
Претходно,
Тотенхем со 2-1 славеше на гостувањето на „Сент Џејмс Парк“ кај Њукасл.