Репрезентативецот на „Триколорите“ изминативе денови се поврзуваше со преселба во Барселона, се шпекулира дека тој веќе се договорил со „Каталонците“ и ги известил лидерите на Манчестер јунајтед дека сака да ја промени средината.
Причина за неговата одлука е лошиот однос со Жозе Мурињо и тоа што Пол Погба не може да се снајде во тактичките замисли на Португалецот.
Сепак, тој вчера се најде во старниот состав на „Ѓаволите“ за воведниот меч од новата сезона, а ја доби и капитенската лента. Пол Погба со гол од пенал помогна Манчестер јунајтед да стигне до триумф над Лестер, а по крајот на мечот доби и пофалби од „Специјалниот“, кој го нарече Французинот чудовиште бидејќи одиграл 80 минитуи и покрај тоа што на тренинг се вратил само пред четири дена.
Но големо внимание предизивка постот на Пол Погба на социјалните мрежи. Тој постираше слика од прославата на голот и напиша: „Секогаш ќе го давам најдоброто од себе за фановите и соиграчите без разлика што се случува“.
Французинот заборави да го вметне името на Жозе Мурињо, а не го спомна Португалецот ниту кога разговараше со медиумите. Исто така, со делот „без разлика што се случува“ тој сугерираше дека нешто не е во ред со неговата ситуација на Олд Трафорд.