Почнува новата сезона во Премиерлигата

by
1 минути читање

Паузата заврши, вечерва со почеток од 21 часот стартува новата сезона во Премиерлигата, таа се отвара на Олд Трафорд со дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Лестер.

Манчестер Сити го брани трофејот, и оваа сезона е прв фаворит, но се очекува конкурентите да бидат посериозни и да не дозволат тимот на Пеп Гвардиола рано да се одлепи.

Кога се зборува за конкурентите на Сити во преден план би требало да биде Ливерпул кој ги сочува своите најдобри играчи и успеа да го засили тимот, донесе квалитет и конкуренција.

Манчестер јунајтед немаше добар преоден рок, Мурињо се жалеше, но од раководството не доби речиси ништо, новајлија е Фред кој треба само да ја зголеми конкуренцијата во средината.

Интересно ќе биде да се види како ќе одиграат Арсенал и Челси. Двете екипи имаат нови тренери, Унаи Емери и Маурицио Сари ќе дебитираат во Премиерлигата. Имаат и по неколку нови засилувања кои треба да помогнат во остварување на целта, враќање меѓу четирите најдобри.

Најдобрата шестка се заокружува со Тотнем, тие слично како и Манчестер јунајтед беа пасивни во преодниот рок, но успеаа да ги задржат најдобрите играчи.

Денеска се игра дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Лестер. Утре на програмата се шест дуели, денот почнува со Њукасл – Тотнем кои играат од 13:30 часот, два и пол часа подоцна стартуваат дуелите Борнмут – Кардиф, Фулам – Кристал Палас, Хадерсфилд – Челси и Ватфорд – Брајтон, од 18:30 играат Волвс и Евертон.

Во недела има три дуели, Ливерпул од 14:30 го пречекува Вест Хем, во истиот термин се игра и мечот меѓу Саутемптон и Барнли, а дербито на колото е од 17 часот кога шампионот Манчестер Сити му гостува на Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×