Евертон успеа да
донесе три нови имиња во последниот ден од преодниот рок. „Карамелите“ најпрво
се засилија со Бернард, 25 годишниот Бразилец пристигнува како слободен играч
откако му истече договорот со Шахтар.
Клубот од Гудисон
Парк исто така одново пазаруваше на Камп Ноу. Откако претходно го донесе Лукас
Дињ за 20.2 милиони евра, плус додатни 1.5 милиони евра во бонуси, Евертон
денеска пазари уште двајца фудбалери на Барселона.
„Карамелите“ го
купија Јери Мина за 30.25 милиони евра, плус додатни 1.5 милиони евра во
бонуси. „Каталонците“ исто така имаат право да го вратат играчот во свите
редови, но за оваа опција не беа откриени детали.
Барса и Евертон
си подадоа рака и за Андре Гомеш, кој во клубот од Ливерпул се сели на едногодишна
позајмица вредна 2.25 милиони евра.