„Скај Спортс“ објаснува зошто Диего Годин не се пресели во Манчестер јунајтед во послениот ден од преодниот рок. Клубот наседнал на агентот, а Мурињо бил свесен дека за играта.
„Агентот на Годин беше тој кој прв оствари контакт со Манчестер јунајтед оваа недела велејќи дека неговиот клиент сака да дојде на Олд Трафорд и дека може да се постигне договор“, тврди новинарот на „Скај Спортс“, Дармеш Сет.
„Според мојата информација, Јунајтед му дал понуда на агентот која тој требало да ја даде на бордот на Атлетико и по неколку часа Годин потпишал нов подобрен договор со Атлетико Мадрид според кој ќе заработува 7,5 милиони евра годишно“.
„Да бидеме чисти, Мурињо би сакал да потпише со Годин, но тој верувал дека желбата на агентот во текот на целата ситуација била само да му обезбеди нов договор на својот клиент“.