465
Мегвајар стана хит со одличниот настап на Светското првенство во Русија, па кој сака да го купи ќе треба да плати вистинско богатство, се шпекулира дека Јунајтед ќе треба да го бутне рекордот за дефанзивец за да го ангажира.
Тренерот на Лестер, Клод Пуел одговори на прашањето дали Мегвајер ќе оди во Манчестер јунајтед.
„Да, можам да ви потврдам дека тој ќе оди во Манчестер. Но, само на два саати кога ќе играме во петок“, изјави Пуел.
„Среќен сум да го задржиме Хари и останатите најдобри фудбалери. Го загубивме Махрез, но важно е да ги задржиме останатите најдобри играчи“.
Манчестер јунајтед и Лестер утре ја отвараат новата сезона во Премиерлигата.