Официјално: Кепа Аризабалага е најскапиот голман на светот

by
1 минути читање

За неверојатна сума од 80 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула, Челси го купи Кепа Аризабалага кој станува најскапиот голман во светот.

Кепа ќе биде наследникот на Куртоа кој од денеска е нов голман на Реал Мадрид.

И покрај тоа што има само 23 години, Кепа има повеќе од 100 лига натпревари од кои повеќе од 50 во најдобрата шпанска лига, а беше и во составот на Шпанија за Светското првенство во Русија.

„Ова е многу важна одлука за мене, за мојата кариера и за мојот личен живот. Многу работи ме привлекоа во овој клуб, сите освоени титули, другите фудбалери, градот и англиската Премиерлига. Среќен сум што Челси имаше верба во мене, јас ќе направам се за да им вратам“, изјави Кепа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×