Официјално: Куртоа е нов голман на Реал Мадрид, Ковачиќ оди во Челси

by
1 минути читање

Тибо Куртоа во новата сезона ќе го брани голот на Реал Мадрид откако двата клуба денеска објавија дека постигнале договор.

Белгискиот голман инсистираше на преселба во Реал Мадрид, не сакаше да ги почне тренинзите со Челси и на крајот желбата му се оствари.

Во спротивен правец, од Реал Мадрид во Челси оди хрватскиот фудбалер Матео Ковачиќ.

За разлика од Куртоа, трансферот на Ковачиќ е само на едногодишна позајмица.

Двата трансфери ќе бидат комплетирани утре кога играчите ќе ги поминат медицинските тестови и ќе ги потпишат договорите.

Нов голман на Челси ќе биде Кепа Аризабалага за кого англискиот тим ја плати откупната клаузула од 80 милиони евра и го направи најскапиот чувар на мрежата во светот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×