Пред шест месеци доби корпа од Зидан, сега е најскап голман во историјата, како цената на Кепа порасна од 20 на 80 милиони

by
2 минути читање

По втор пат за
неполен месец ќе биде срушен рекордот за најскап голман во историјата. Оваа
титула долго време ја носеше Џиџи Буфон, но минатиот месец на тронот седна
Алисон Бекер откако Ливерпул на Рома и плати 72,5 милиони евра за услугите на
Бразилецот.

Но сега и оваа
сума ќе биде надмината, утрово преставници на Челси во канцелариите на
Фудбалската федерација на Шпанија доставија чек вреден 80 милиони евра за да ја
активираат откупната клаузула на Кепа Аризабалага.

Тибо Куртоа реши
дека е време да се врати во Мадрид каде живеат неговите деца, па со оглед на тоа
дека договорот му истекува во 2019, Челси немаше друг избор освен да го продаде
Белгијанецот на Реал.
Па „Сините“
почнаа да бараат нов голман и на крајот изборот падна на 23 годишниот чувар на
мрежата на Атлетик Билбао.

Интересно е тоа
што Кепа во јануари требаше да потпише за Реал Мадрид за 20 милиони евра. Тој
ги помина редовните лекарски прегледи со „Кралевите“ но зделката не се
реализираше откако Зинедин Зидан во последен момент стави вето.

„Кепа е
талентиран, но не сакам нов голман во сред сезона“
– беше објаснувањето на Зизу.

Откако доби „корпа“
од Зинедин Зидан, Кепа реши да ја продолжи верноста со Атлетик Билбао а
„Баскијците“ знаеа дека имаат бисер во своите редови, само прашање на време е кога друг гигант ќе тропне на нивната врата, и поставија откупна
клаузула од 80 милиони евра. Со Атлетик Билбао нема преговори, па Реал Мадрид
индиректно придонесе сега Челси да плати рекордна сума за Шпанецот.

Многумина прашуваат
зошто Челси не потроши уште десетина милиони за да го купи Јан Облак (има откупна клаузула од 100 милиони евра) кој
прикажува брилијантни партии во Атлетико Мадрид и важи за еден од најдобрите
голмани во светот.

Причината веројатно е тоа
што Кепа покај тоа што има извонреден рефлекс и е одличен помеѓу стативите, голманот
прилично е комфорен и со топката во своите нозе, умее да ги проигрува своите соиграчи што го прави идеален за стилот
на игра кој го преферира Маурицио Сари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×