Милинковиќ Савиќ е недостижен за Милан, „Росонерите“ тргнаа по фудбалер на Челси

by
1 минути читање

Откако на Сан Сиро пристигнаа напаѓач и дефанзивец (Игуаин и Калдара), Џенаро Гатузо сега бара засилување за средниот ред. Оваа недела се појавија гласини за нова бомба и ангажман на Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Но Леонардо ги разочара фановите и истакна дека Србинот во моментов е недостижен за Милан поради правилата на УЕФА за Финансиски фер плеј.

Лоренцо Пелегрини од Рома и Матео Коваичиќ од Реал Мадрид исто така се опции, но двете зделки се комплицирани. Затоа техничкиот директор на „Росонерите“ работи на ново име и ангажман на Тимуе Бакајоко од Челси.

Французинот минатото лето пристигна на Стемфорд Бриџ како големо засилување за Антонио Конте, но одигра под очекувањата. Дополнителен проблем е тоа што тој сега не се вклопува во замислите на Маурицио Сари, па Милан сака да го искористи ова и да го донесе на позајмица.

Скај пренесува дека преговорите се во напредна фаза и се очекува двата клуба да си подадат рака во скоро време.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×