295
Реал Мадрид утрово во Њу Џерси се подготвуваше за пријателскиот меч со Рома, а тренерот Хулен Лопетеги имаше еден потег кој ретко се гледа и на сред тренинг зборуваше на мобилен.
Мистериозниот разговор траел околу три минути, и го привлече вниманието на медиумите со оглед на тоа дека во тие моменти во Шпанија било 2 часот наутро, и сите се прашуваат што било толку важно за стратегот да се фати за телефонот, дали се договарал некој трансфер и се барало зелено светло за пристигнување на ново име или заминување на некој фудбалер?