Куртоа вчера требаше да ги почне подготовките за новата сезона, но белгискиот голман не се појави на тренинг, а го нема ниту денеска.
Тој штрајкува, прави притисок за преселба во Реал Мадрид, а Челси нема друга опција освен да го продаде доколку не сака тој идното лето кога му истекува договорот да замине бесплатно.
Куртоа сака во Мадрид и од фамилијарни причини, пред да дојде во Челси тој играше во Атлетико и во главниот град на Шпанија има две деца од поранешната сопруга.
Останатите ѕвезди на Челси кои ги играа последните мечеви на Светското првенство се вратија на тренинзите, тие се Азар, Жиру, Кејхил и Батшуаи.
Според „Скај Спортс“ Челси прави обид да го купи Џек Батленд кој треба да биде замена за Куртоа.