Кронки зема кредит од половина милјарда фунти за во целост да го купи Арсенал и да прави што сака со клубот

by
1 минути читање

Навивачите на
Арсенал се бесни откако утрово беше објавено дека мнозинскиот акционер Стен
Кронки во целост ќе го купи Арсенал откако Алишер Усманов прифатил за 600
милиони фунти да го продаде својот дел од 30% од акциите во клубот од Северен
Лондон.

За ваквиот потег,
милијардерот од САД од свој џеб ќе одвои 45 милиони фунти, и ќе позајми 557
милиони фунти од Дојче Банк.

Стен Кронки
поседува 67% од акциите, со новите 30% ќе ја надмине границата од 90% која му
дава право да ги купи и преостанатите 3% од акциите на Арсенал, кои во најголем
дел ги поседуваат фанови на „Топчиите“.

Милијардерот од
САД смета дека Арснеал ќе има голема корист од тоа што ќе биде поседуван од
само еден сопственик и потегот ќе влијае позитивно врз стратегијата и амбициите
на клубот во иднина.

Но фановите не се
сложуваат со вајвата изјава, мислат дека ова е тажен ден, и очекуваат Стен Кронки да го
регистрира Арсенал во Делавер, САД, веднаш штом стигне до 100% од акциите и со
тоа повеќе ќе нема никаква транспарентност. Никој нема да може да го контролира
Стен Кронки што прави со финансиите и дали ќе вади пари од клубот преку
дивиденди или наплаќање одредени услуги.

Исто така тие се
бесни што бизнисменот позајмува половина милјарда фунти за да ја реализира
зделката. Стен Кронки инсистира дека оваа сума нема да му биде прикачена како
долг на Арсенал ниту пак „Топчиите“ ќе плаќаат камати, но фановите сметаат дека
Стен Кронки во иднина ќе може да прави што сака, па лесно може да му прикачи
некој долг на клубот или пак да го стави Емирати под хипотека.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×