Куртоа нема намера да се врати во Челси, бара трансфер во Реал Мадрид!

by
1 минути читање

Куртоа не беше присутен на Вембли на натпреварот од Комјунити Шилд на кој Челси загуби од Манчестер Сити. Но тој не се појавил ниту на денешниот тренинг на кој тренерот Маурцио Сари требаше да разговара со него за неговата иднина.

Ситуацијата е слична на онаа на Диего Коста кој штрајкуваше со цел да изнуди трансфер во Атлетико Мадрид.

Реал Мадрид има испратено понуда од 35 милиони за Куртоа и чека Челси да го пушти белгискиот голман.

Сари сакаше да зборува со Куртоа лице во лице и да го убеди да остане во Челси, но тој останал во Белгија.

Најверојатно Челси ќе мора да го продаде Куртоа и до четврток до кога трае преодниот рок да ангажира нов голман, се шпекулира со Џек Батленд од Стоук и Серхио Рико од Севиља.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×