Видал потпиша за Барселона: Ова е како сон, ќе дадам се од себе за овој дрес!

by
1 минути читање

Артуро Видал денеска го комплетираше трансферот во Барселона откако стави потпис на тригодишен договор со шпанскиот шампион.

„Среќен сум. Да бидам искрен, многу сум среќен. Едвај чекам да почнам да тренирам со моите соиграчи, да го облечам овој толку познат дрес и да правам важни работи тука“, вели Видал.

„Ова е како сон. Се надевам дека ќе ги остварам моите цели тука. Туку сум за да ги освојам сите можни трофеи и ќе дадам се на теренот за да го направиме тоа“.

„Со многу борба и многу пасија ќе му помагам на тимот во целиот период за да победуваме“.

„Возбуден сум што ќе играм со Меси, Суарез, Серхио Бускетс, сите тие се големи фудбалери“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×