Манчестер Сити ја почна сезоната со трофеј, два гола на Агуеро за победа над Челси (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер Сити го освои Комјунити Шилд трофејот во натпреварот на шампионот на Премиерлигата и победникот на ФА Купот. Тимот на Пеп Гвардиола беше подобар и сосема заслужено дојде до триумфот.

Ова беше и официјално деби на Маурицио Сари на клупата на Челси, но овој дуел е помалку важен од тоа што следува следниот викенд, почетокот на Премиерлигата.

Натпреварот беше рано отворен, Кун Агуеро погоди во 13. минута, тоа беше негов 200. гол во дресот на Манчестер Сити, првиот играч во историјата на клубот со ваков јубилеј.

Челси јалово се обидуваше да изедначи, речиси не создаде ниту една идеална шанса за погодок.

Во 58. минута Агуеро постигна уште еден погодок за конечна победа на Манчестер Сити од 2-0.

Следниот викенд започнува новата сезона во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×