Откако фондот
Елиот го конфискуваше Милан од Кинезите, следеше промена во хиерархијата
на клубот. Леонардо се врати и доби улога на технички директор, Бразилецот
веднаш се фати за работа и ги донесе Гонзало Игуаин и Матија Калдара.
На Сан Сиро сега
се враќа и Паоло Малдини, Милан попладнево соопшти дека легендата на клубот ќе
биде директор за стратегија и развој.
„Немам зборови за
да опишам што значи Паоло Малдини за Милан. Ми беше привилегија да го гледам
како игра и освојува безброј трофеи. Чест ми е што ќе можам да работам со него.
Неговите лидерски способности и искуство ќе ни бидат од огромна корсит, исто
како и неговата пасија и енергија. Неговото назначување е дополнителен знак за
посветеноста на Елиот да се изгради солидна основа за долгорочен успех. Тоа
нема да биде лесно и ќе ни треба време, но имаме амбициозни цели и ангажманот на
Поало Малдини е важен чекор кон враќање на Милан на славните патеки“ – вели претседателот
на клубот, Паоло Скарони.