„Росонерите“ излегоа
како победник од дуелот со Барселона на Интернационалниот куп на шампиони.
Утрово во Санта Клара, Милан триумфираше со 1-0 со голот на Андре Силва во последните
секунди од мечот.
Барселона го
имаше поседот на топката и го диктираше темпото, избраниците на Валверде се
заканија во неколку наврати, но Донарума беше одличен на голот, а сојузник му
беше и стативата.
Милан својата
шанса ја чекаше преку контра-напади и при една таква ситуација во 93. минута,
Андре Силва го матираше Тер Штеген за 1-0.
Португалецот со
својот гол го расипа шоуто на Рики Пуиг. 18 годишниот Шпанец доби шанса на
стартот од вториот дел и веднаш импресионираше со своите потези и зрелоста во
играта. Големиот талент од „Ла Масиа“ имаше неколку одлични додавања а можеше и
да се прослави во финишот од мечот, но биеше покрај голот. Тој го доби дресот
со бројот 8, па фановите почнаа да сонуваат дека го добиле наследникот на
Андрес Иниеста.