Бидете број 1 во обложувачкиот свет и ставете големи облози во Азија.
Ливерпул – Наполи: Двата тима даваат голем
„Црвените“ ја имаат претпоследната генералка пред почетокот на новата сезона во Премиерлигата, Ливерпул во Даблин се среќава со Наполи. За овој меч, Јирген Клоп ќе биде без Адам Лалана, Жоел Матип, Дени Ингс и Марко Грујиќ. Новајлијата Наби Кеита се мачи со ситна повреда па во знак на претпазливост најверојатно нема да настапи. Џордан Хендерсон, Симон Мињоле и Дејан Ловрен се уште се на одмор по настапот на Светското првенство, додека пак Трент Александер Арнолд се врати порано и би можел да добие шанса. Затоа пак се очекува најскапиот голман во историјата, Алисон Бекер да ги има првите минути за клубот од Енфилд. Ливерпул на подготовките за новата сезона веќе одигра седум меча и се уште е без пораз, на последната пресметка тие го добија лутиот ривал Манчестер јунајтед со 4-1. Што се однесува до Наполи, ова е најсериозниот тест за Карло Анчелоти, кој до сега има 100% учиник и три победи на три меча. Стратегот се уште не може да смета на Мертенс, па Верди треба да добие шанса крај Инсиње и Милик во форот. Кулибали се мачеше со настинка изминативе денови, па веројатно Максимовиќ ќе му биде партнер на Албиол во срцето на одбраната. Мечот на Авива Стадионот е целосно распродаден, на трибините ќе има преку 50.000 фанови кои сигурно ќе креираат убава атмосфера која ќе треба да биде потик плус за двата тима да прикажат квалитетен фудбал и покрај тоа што се работи само за контролен натпревар кој служи за влегување во посакуваната форма. И Клоп и Анчелоти негуваат офанзивен фудбал, двата тима имаат квалитетни играчи во форот, па за очекување е тие да понудат возбудлив меч со голови во двете мрежи.
Бесплатната платформа за обложување ви овозможува најдобри коефициенти и највисоки граници и во помали лиги.
Арсенал – Лацио: Победа на домаќините
„Топчиите“ ќе ги одмерат силите со Лацио во Стокхолм на Фриндс Арена. За Арсенал ова ќе биде последна контролка пред стартот на новата сезона. Избраниците на Емери денеска требаше да тестираат со Севиља, но клубот од Шпанија се откажа па Лацио ја прифати поканата. За овој меч, Шпанецот нема да може да смета на Колашинац кој се повреди против Челси и ќа паузира од 8 до 10 недели. Арон Рамзи исто така се пожали на повреда на загревањето против „Сините“, го прескокна тој меч во знак на претпазливост, па и за овој меч е под знак прашалник. Пресметката во Стокхолм веројатно ќе биде шанса за новајлијата Лукас Тореира да го има првиот настап во дресот на Арсенал. Уругваецот беше на продолжен одмор по настапот на Светското првенство. Што се однесува до Лацио, изминатово лето тие ги загубија Стефан де Фрај и Фелипе Андерсон, па новите имиња ќе треба да се докажуваат. Ачерби треба да го завземе местото на Холанѓанецот во одбраната, додека пак Хоакин Кореа пристигна како замена за Бразилецот, но тој најверојатно нема да биде ризикуван за овој меч. Првиот стрелец од минатата сезона, Чиро Имобиле се мачеше со ситна повреда на последните тренинзи, па веројатно мечот ќе го започне од клупата за резерви а Луис Алберто и Фелипе Каиседо ќе го предводат нападот. „Топчиите“ се во понапредна фаза од подготовките, имаат поголема минутажа во своите нозе и тоа може да се покаже како клучно во пресметката и Лацио да не може да го следи темпото на противникот кој во форот има играчи како Обамејанг, Лаказет, Мхитарјан и Озил.
Дали барате место за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Азија со BET-IBC.