Интер го пропушти Видал затоа што верува дека може да дојде до услугите на Лука Модриќ, веруваат и италијанските медиуми иако откупната клаузула на фудбалерот е неверојатни 750 милиони евра.
Но Интер се надева дека ќе може да дојде до Модриќ за пристојна сума која ќе може да ја плати.
Лука Модриќ и Флорентино Перез се во добар однос и долку Хрватот побара да замине од клубот, претседателот на Реал Мадрид ќе му дозволи да го направи тоа.
Италијанските медиуми тврдат дека сумата која ќе ја плати Интер за Модриќ ќе изнесува 60 милиони евра.
Слична беше ситуацијата со Кристијано Роналдо кој имаше голема откупна клаузула но се договори со Флорентино Перез сумата да биде смалена и тој да замине во Јувентус за пари кои може да си ги дозволи италијанскиот шампион.