BET-IBC совети за обложување: Лампард го има првиот меч како тренер

by
3 минути читање

Агентот за големи облози во Азија и овој ден со неколку предлози ќе ви помогне да се одлучите што
да одиграте.

Рединг – Дерби:
Победа или реми за гостите

Легендата на
Челси, Френк Лампард летово реши да се впушти во тренерските води и ја прифати
понудата на Дерби. Тој вечерва го има првиот натпревар на кормилото на
„овните“, на отварањето на новата сезона во Чемпионшип дивизијата, Дерби
гостува на Мадејски Стадионот кај Рединг. Двата тима минатата сезона имаа
сосема спротивни цели, Рединг во последното коло се спасуваше од испаѓање
додека пак Дерби играше во разигрувањето за влез во Премиерлигата и загуби во
плеј-офот од Фулам. За овој меч домаќините имаат одредени проблеми, тренерот Пол
Клемент поради повреди не може да смета на Крис Гантер, Адријан Попа, Калум
Хариот, Дејв Едвардс, Герет МекКлери и Џордан Обита. Тајлер Блакет е
суспендиран додека пак Лијам Мур побара трансфер и нема да игра. И Франк
Лампард има одредени прашалници за овој меч, Том Хадлстоун е неизвесен поради
повреда на препоните, додека мали се шансите вечерва да настапат Крис Марти,
Џорџ Торн и Ник Блекмен. Матеј Видра, кој се почесто се поврзува со заминување,
исто така не е во комбинација. Рединг исто така беше прилично очаен на подготовките
кои ги заврши без ниту една победа, но мора да се признае дека имаше неколку
силни противници. За разлика од нив, Дерби во овој меч влегува со три победи во
низа и тоа две се над Премиерлигаши како Саутемптон и Вулверхемптон. На
последните три пресметки помеѓу овие два тима во Чемпионшип паднаа дури 17
погодоци (Рединг постигна девет, а Дерби осум). Мечот на Мадејски Стадионот
минатата сезона заврши 3-3. Дерби нема пораз на последните шест гостувања кај
Рединг, па „овните“ важат за благ фаворит на овој меч и за очекување е да си
заминат барем со бод.

Допрете го врвот
и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.

Хамбургер – Кил:
Победа на домаќините

По 54 години,
Хамбургер во мај за прв пат испадна од Бундеслигата. Часовникот на стадионот
запре и клубот сега ја започнува авантурата во втората лига на Германија. На
отварањето од новата сезона во „Цвајта“, Хамбургер на домашен терен го
пречекува Кил. Фановите беснејеа во последното коло од минатата сезона кога беше
јасно дека се селат во ранг подолу, но сега одново ги зафаќа еуфорија и за
вечерашната пресметка се најавува целосно распродаден стадион и 57.000 гледачи
на трибините. Тренерот Кристијан Тиц има квалитетен состав на располагање и
Хамбургер заедно со Келн се фаворити за експресно враќање во елитата. За овој
меч домаќините ќе мораат без капитенот Хунт, кој се пожали на повреда, како и
без суперталентираниот Арп. Но и покрај тоа во соблекувалната владее голем
оптимзам и самодоверба откако Хамбургер забележа дури шест победи на
подготовките, последната над вицешампионот на Франција, Монако. Што се однесува
до противникот, Кил минатата сезона беше на прагот на промоција во
Бундеслигата, но го загуби бараж дуелот против Волфзбург. Тој тим го напуштија
неколку клучни играчи, како и тренерот Маркус Анфанг. Дополнително, капитенот Давид
Кинсомби се повреди на тренинг пред две недели и сега е под знак прашање за
отварањето на сезоната. Новиот кормилар, Тим Валтер ќе има тешка задача да го
повтори успехот од минатата сезона и веројатно прва цел ќе биде да се обезбеди
опстанок. Ова ќе биде прв лигашки дуел помеѓу Хамбургер и Кил, двата тима еднаш
се имаат сретнато во купот и во три наврати имаат одиграно пријателски меч.
Можеби се работи за старт на новата сезона и двата тима не се во полн ритам, но
за очекување е Хамбургер веднаш да го демонстрира квалитетот и да стигне до
победа.

Дали барате место
за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Сингбет без неважечки со
BET-IBC.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×