Жесус доби нов договор од Сити и веднаш и се јави на мајка си (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Габриел Жесус ја
продолжи соработката со Манчестер Сити, напаѓачот денеска се обврза кон
шампионот на Англија до 30. јуни 2023.

„Најдобрата
одлука во мојот живот е одлуката да дојдам во Манчестер Сити бидејќи тука
станав подобар фудбалер и подобра личност“
– вели Бразилецот кој пристигна на
Етихад во јануари 2017 во зделка вредна 27 милиони фунти плус бонуси.

Вестите за новиот
договор тој веднаш ги сподели со својата мајка, на која ја посветува и
прославата на погодоците кога прави гестикулации дека зборува на телефон.

„Тоа се добри
вести, Бог да те благослови“
– му порача таа, по што тој праша, „Само добри?“.

„Одлични! Сезонава
ќе биде неверојатна бидејќи ти се главен!“ –

Жесус има многу
близок однос со својата мајка, која работела како чистачка и сама го одгледала
голгетерот, неговите двајца браќа и една сестра. Едно време се пишуваше идека
таа се грижи и за финансиите на Габриел, плата од Манчестер Сити ја добивала
таа и потоа му давала џепарац на напаѓачот за тој премногу да не лета во облаци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×