Алегри жали што го продаваат Калдара и се правда: Пазарот не принуди да се разделиме со него

by
1 минути читање

„Старата Дама“
уште во јануари 2017 за 15 милиони евра го капариса младиот дефанзивец, кој важи за еден од најперспективните
во Италија, но го остави во Аталанта да продолжи да се развива.

Ова лето тој
требаше да добие шанса да покаже што умее на највисоко ниво, но без да одигра
еден натпревар за Јувентус, заминува од Торино и кариерата ќе ја продолжи во
Милан. „Росонерите“ го добија 24 годишниот Матијан Калдара во трампа за
Леонардо Бонучи.

На голем дел од навивачите не им се допадна оваа зделка, особено поради тоа што самиот Леонардо Бонучи минатото лето побара да биде продаден во ривал од Калчото.

„Леонардо Бонучи
по една година се враќа со нас“
– вели Макс Алегри. „Тој е важен играч и се
нема променето многу за шест месеци“.

„Калдара пак е
млад играч кој заедно со Ругани и Ромањоли е дел од најдоброто младо трио
дефанзивци кои ги имаме во Италија. Жалам што ќе го загубиме, но пазарот не
натера да се разделиме со него“.

Тренерот на
Јувентус исто така му се заблагодари и на Гонзало Игуаин за двете години
поминати во Торино.

„Гонзало го даде
најдоброто од себе во двете години поминати со нас па сакам да му се
заблагодарам за тоа. Милан ангажираше одличен напаѓач“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×