Игуаин ги поминува медицинските тестови, наскоро ќе потпише за Милан

by
0 минути читање

Игуаин доцна синоќа пристигна во Милано, тој утринава ги почнал медицинските тестови во клиниката Маднонина.

Наскоро се очекува неговиот трансфер во Милан и официјално да биде потврден.

Тој ќе потпише тригодишен договор со Милан и според „Газета дело Спорт“ ќе заработува 10 милиони евра по сезона.

Дел од големиот договор меѓу Јувентус и Милан е и размената на Бонучи и Калдара. Сите три трансфери треба да бидат комплетирани денеска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×