Интер ги стопира преговорите со Видал поради Модриќ!

by
0 минути читање

Трансферот на Артуро Видал од Баерн Минхен беше речиси договорен, но тој ќе почека на негова реализација бидејќи Интер се насочува кон Лука Модриќ.

Интер веќе имал контакт со агентите на Лука Модриќ, но ќе треба да почека до викендов кога Хрватот се враќа од одмор и ќе ги почне подготовките со Реал Мадрид.

Тој ќе има дискусија со претседателот Флорентино Перез по што ќе се изјасни околу својата иднина.

Ако Модриќ одлучи да остане во Реал Мадрид, се очекува Интер да го комплетира трансферот на Видал вреден околу 20 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×