Мурињо: Ова не беше Реал Мадрид, ниту Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед со 2-1 го победи Реал Мадрид во пријателски натпревар одигран во САД, најголемиот дел од првотимците недостасуваа и во двата тима.

Жозе Мурињо одговараше на прашања на шпанските новинари кои ги интересираше мислењето на Португалецот за овој Реал Мадрид.

„Ова не беше Реал Мадрид, исто како што не беше ниту мојот Манчестер јунајтед, им недостасуваат многу фудбалери, имаа многу играчи од Кастиља, се уште не се во момент кога можеме да ги оценуваме“, вели Мурињо.

„Роналдо? Секако дека ќе им недостасува, но Реал Мадрид е поголем од било кој фудбалер“.

„Му посакувам среќа на Лопетеги, го знам 21 година, тој е одличен тренер“.

Мурињо застана во одбрана на Лопетеги кога беше запрашан што мисли за тоа што тој потпиша со Реал Мадрид додека беше со националниот тим.

„И јас кога потпишав за Реал Мадрид се уште бев тренер на Интер и ја освоив Лигата на шампионите, па не бев помалку професионален поради тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×