215
Атлетико Мадрид му се заблагодари на Шиме Врсаљко и го потврди неговиот трансфер во Интер.
Хрватскиот фудбалер во Интер првата сезона ќе ја игра како позајмен фудбалер со опција комплетно да биде откупен.
„Нашиот клуб постигна договор со Интер, формализација на трансферот ќе се случи откако играчот ќе ги помине медицинските тестови“, пишува во соопштението на Атлетико.
„По две сезони бранејќи ги боите на нашиот клуб, за тоа време го демонстрираше својот талент и пожртвуваност, му посакуваме се најдобро во неговата нова авантура во Интер, кој има опција комплетно да го купи“.