За десетина дена
започнува новата сезона од Премиерлигата, Жозе Мурињо е фрустриран што управата
на клубот не му ги носи засилувањата кои ги бара, како и поради тоа што голем
број на играчи се на продолжен одмор по настапот на Светското првенство.
Португалецот
истакна дека тие ќе имаат големи проблеми на стартот од сезоната, а ваквиот
став го делат и фановите откако погледнаа како нивните миленици играат шева на
еден од тренинзите.
Фудбалерите не
покажуваа некоја особена заинтересираност, беа премногу летаргични и едвај
сврзуваа две-три додавања, па на социјалните мрежи веднаш се појавија коментари
како „полошо не сум видел“, „имаме сериозни проблеми“, „избришете го видеото
пред другите да го видат“.
One-touch keep-ball #mufc pic.twitter.com/yDySnSSoFb
— Samuel Luckhurst (@samuelluckhurst) July 30, 2018