Јери Мина: Секој ден на Меси, Суарез и Иниеста им плаќав 50 евра

by
1 минути читање

Колумбиецот се
пресели на Камп Ноу во јануари за нешто помалку од 12 милиони евра. Иако не се
изнаигра премногу во дресот на „Каталонците“, со добрите настапи на Светското
првенство го привлече вниманието на неколку клубови, помеѓу кои и Манчестер
јунајтед.

И додека се
решава неговата иднина, Јери Мина открива интересна анегдота од соблекувалната
на Барселона.

„Кога пристигнав, за да креирам добра атмосфера, почнав да се кладам со Меси,
Суарез и Иниеста кој ќе може подобро да изведува слободни удари. На шала, на
смеа, секој ден им плаќав 50 евра. Тие ѕверови можат да погодат каде сакат, тие
се одлични личности и фудбалски магионичари“
– вели Колумбиецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×