Челси ги прекина преговорите со Реал Мадрид за Тибо Куртоа

by
1 минути читање

Челси ги стопира преговорите со Реал Мадрид за продажба на Куртоа се додека не најде соодветна замена за белгискиот голман.

Џордан Пикфорд беше прв пик на Челси, но се верува дека тој започнал преговори со Евертон за нов договор. „Карамелите“ денеска го продолжија договорот со Стекеленбург, па имаат два одлични голмани и се верува дека ако добијат богата понуда сепак може да го пуштат англискиот број еден да замине.

Како и да е, Челси додека не ја обезбеди замената, не сака да го пушти Куртоа од клубот и покрај тоа што голманот идното лето би бил слободен агент и би заминал бесплатно.

Маурицио Сари соопшти дека сака да зборува директно со Куртоа со цел да го убеди да остане во клубот, но тешко може да се направи тоа ако се знае дека Реал Мадрид тропа на неговата врата.

Во меѓувреме Челси потпиша со 38-годишниот Роберт Грин кој се верува дека ќе биде дури трета опција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×