Арсенал е последниот англиски клуб кој се вклучува во трката за Вида, претходно интерес пројавија Ливерпул, Евертон и Вест Хем.
Се пишува дека Бешикташ веќе одбил неколку понуди на Ливерпул, а Вест Хем понудиле 19 милиони фунти кои исто така биле одбиени.
Евертон исто е меѓу заинтересираните, а последните информации велат дека Арсенал влегува во трката и има намера да победи.
Унаи Емери веќе ја засили дефанзивата на Арсенал со ангажманот на Лихштајнер и Папастадополус, но со пензионирањето на Мертесакер и повредите на Косчиелни, стратегот сака уште еден одбрамбен фудбалер.
Се верува дека Бешикташ не би прифатил понуда помала од 30 милиони евра за својот фудбалери, кој во турскиот клуб помина само шест месеци каде во јануари пристигна од Динамо Киев.
Тоа значи дека Вида би бил рекордна продажба на Бешикташ, засега рекордот го држи Тосун кој отиде во Евертон за 29 милиони евра.