Клоп продава 7 фудбалери и во касата на Ливерпул носи 100 милиони фунти

by
1 минути читање

„Црвените“ речиси
ја завршија работата кога се во прашање засилувањата и потрошија 170 милиони
фунти на Наби Кеита, Фабињо, Џердан Шаќири и Алисон Бекер. До крајот на
трансфер паазрот с
è може да се случи и на Енфилд да пристигне уште некое име,
но во моментов Ливерпул ќе се фокусира на продажба.

Како што
пренесуваат медиумите од Англија, Јирген Клоп дал зелено светло за продажба на
7 фудбалери и се очекува тие во касата да донесат преку 100 милиони фунти.

На листата  се наоѓаат Дивок Ориги, Дени Ингс, Марко
Грујиќ, Шеј Оџо, Лазар Марковиќ, Симон Мињоле и Педро Чиривеља.

„Црвените“
најскапо го ценат Ориги, за кого бараат дури 27 милиони фунти, Ингс и Грујиќ се
проценети на околу 20 милиони фунти, Оџо на 15 милиони фунти, Мињоле на 12
милиони фунти, Марковиќ на 7 милиони фунти и Чиривеља на 5 милиони фунти

Можно е и ова да ти се допаѓа

×