Италијаните мислат дека измислиле топла вода, а нивните колеги од Шпанија уште во април кажаа каков ѕвер е Роналдо

by
1 минути читање

Никако не
стивнуваат импресиите по трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус. Денеска
се појавија информации за тоа како лекарските тестови на ЦР7 во Торино откриле
неверојатни бројки и покажале дека Португалецот има тело на 20 годишен
фудбалер.

Но ова не е
никаква новост, медиумите од Шпанија ова го потенцираа уште во април, кога
Кристијано Роналдо измами аплауз и воздишки на Алинац Арена со спектакуларните
ножички.

Добрите познавачи
на ситуацијата во Реал тогаш објавија дека Кристијано Роналдо има 7% телесни
масти, а вообичано оваа бројка кај играчите се движи помеѓу 10 и 11%. ЦР7 има мускулна маса од 50% која вообичано не надминува 46% кај останатите
фудбалери. Тие исто така потенцираа дека за ова голема заслуга има Зинедин Зидан и фитнес
тренерот Антонио Пинтус, кои дизајнирале специјална програма за играчот да биде
во топ форма.

Токму со истите
овие бројки сега се расфрлаат медиумите од Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×