Рома го договори најголемото засилување ова лето само за да гледа како Барса го краде во 5 до 12?!

by
1 минути читање

„Волчицата“ има
пари за трошење откако го продаде Алисон на Ливерпул за рекордни 72,5 милиони евра.
Спортскиот директор Мончи реши половина од оваа сума да ја инвестира во ангажман на крилото на
Бордо, Малком.

Пред пет часа
двата клуба соопштија дека е постигнат договор, и фудбалерот требаше да замине на лекарски прегледи. И додека сите го чекаа
Бразилецот вечерва да пристигне во Рим, медиумите од Италија доцна вечерва пренесоа дека играчот
останал во Франција откако на негова адреса пристигнала понуда од Барселона.

„Каталонците“
испратија три понуди до Челси за Вилијан, „Сините“ ги одбија сите предлози, па
шампионот на Шпанија решил да се префрли на планот Б и со понуда во 5 до 12 да
го украде 21 годишниот фудбалер.

Останува да се види како ќе се разреши оваа трансфер сага, но лидерите на Рома сигурно ќе бидат бесни на однесувањето на нивните колеги од таборот на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×