Новинарот Хозе Алварез вели дека со 99% сигурност може да каже дека Хулијан Алварез ова лето нема да се пресели во Барселона, парите не биле проблем, туку егото.
Хулијан Алварез беше идентификуван како главна цел на Барселона за засилување на нападот, но очигледно ништо од трансферот.
Новинарот Хозе Алварез разговарал со неколку извори директно вклучени во преговорите, и од тоа што го добил како информации, со 99% сигурност може да каже дека Хулијан Алварез ова лето нема да се пресели на „Камп Ноу“.
„Хулијан се чувствува предадено“ – рече тој во емисијата „Ел Чирингито“.
„Се консултирав со неколку извори кои се директно вклучени во преговорите и заклучокот е јасен, не верувам дека Хулијан Алварез ќе потпише а Барселона. Ми беше објаснето што се случува, па можам да кажам дека со 99% сигурност трансферот нема да се реализира. Парите не се проблем, туку егото“.
„Едната страна (Атлатико) никако не сака да слушне за продажба на другата (Барселона). Хулијан не може да направи ништо повеќе за да ја промени ситуацијата. Барса веќе започна да бара алтернативи“.
Тој потоа откри интересен детаљ: „Можам да ви кажам дека многу важни агенти, кои застапуваат големи напаѓачи, веќе резервирале хотелски соби во Барселона“.
Останува да се види дали Хулијан Алварез навистина нема да направи трансфер во Барселона, и кои ќе бидат алтернативите на „каталонците“.
До крајот на преодниот рок има нешто помалку од две недели.