77
Популарните „Лавови“ го добија мечот пред своите фанови со 2-0 но Викторија Плзен не се предаде и вечерва ја анулираше предноста на противникот.
Бакош погоди по само 6. минути игра, а истиот играч стрелаше прецизно за 2-0 во 64. минута од мечот. Дост промаши пенал за Спортинг во 92. минута, па натпреварот отиде во продолженија.
Таму, Батаља погоди во судиското надополнување на првите 15 минути екстра игра, па гостите благодарејќи на овој гол во гости се пласираа помеѓу осумте најдобри во Лига Европа.