66
Динамо успеа да се избори за добар резултат минатата недела на гостувањето во Рим, но Лацио вечерва во Киев ја покажа разликата во квалитет и со триумф од 0-2 обезбеди четвртфинале.
„Бјанкочелестите“ поведоа во 23. минута со голот на Лукас Леива, а сите дилеми ги реши Де Врај во 83. минута од мечот.
Марсеј славеше и на реваншот со Атлетик Билбао, вечерва на Сан Мамеш триумфираше со 1-2. Паје од пенал во 38. минута ги донесе гостите во предност, а на стартот од вториот дел Окампос зголеми на 0-2. Домаќините преку Вилијамс во 74. минута постигнаа само почесен гол.
Зенит одигра само 1-1 пред своите фанови со РБ Лајпциг, па клубот од Германија е тој кој се пласираше помеѓу осумте најдобри во Лига Европа.