Трансферот на Алексис
Санчез од Арсенал и Манчестер јунајтед е топ тема низ англиските медиуми,
сепак, писмото со кое Чилеанецот се прости од својот поранешен клуб во кое го
наведе и Анри, предизвика бурни реакции кај фановите на Арсенал кои помислија
дека токму Французинот имал влијание на неговиот трансфер.
Санчез демантираше, но
истото го стори и Анри, кој истакна дека иако немал потреба на многу фанови на
клубот да им објаснува, сепак морал да ги прекине на некаков начин
шпекулациите.
„Знам дека на многу
навивачи на Арсенал нема потреба ова да им го објаснувам, но морам да ги
прекинам овие шпекулаци на некој начин. Во ниту еден момент не сум му реол на
Алексис Санчез да го напушти Арсенал. Немав претстава дека ќе потпише за
Манчестер јунајтед додека не ја видов истата вест, како и сите останати“ порача
Анри.
„Сакам да појаснам дека
Анри никогаш не ми рекол да го напуштам клубот, тоа беше моја одлука. Тој го
сака тој клуб и еден ден би било прекрасно да се види како тренер на Арсенал, бидејќи
тој го сака тој клуб“ се надоврза Санчез.