По блескавото издание против Јувентус, Стефан Ристовски доби нови 90 минути за Спортинг, овој пат во домашното првенство против Брага.
Македонецот повторно беше на висина на задачата, но Спортинг Лисабон не ги освои трите бода против Брага, натпреварот заврши 2-2.
Резултатот беше отворен во 66. минута, Спортинг Лисабон поведе со гол на Баст Дост.
Домаќините имаа водство се до 85. минута кога Данило изедначи од пенал на 1-1, а истиот фудбалер четири минути подоцна погоди за комплетен пресврт и водство на Брага од 2-1. Ристовски не беше виновен за ниту еден од двата погодоци.
Спортинг Лисабон на крајот сепак успеа да се спаси од пораз со гол на Фернандеш од пенал во 95. минута од натпреварот.
Критиките на социјалните мрежи за Ристовски и овој пат беа позитивни, навивачите бараат загарантирано место за него во првиот тим.