356
Аргентинецот беше
осуден на 21 месец затвор откако беше прогласен за виновен по обвинувањата дека
затаил данок од 4,1 милион евра.
Но законот во
Шпанија предвидува можност за казни помали од две години да не се лежи затвор доколку
лицето и претходно не е осудено за исто дело.
Па адвокатите на
Лео Меси поднеле барање за замена на затворската казна со парична глоба.
Тие предложиле
фудбалерот на Барселона да плати 400 евра за секој ден што требал да го помине
зад решетки или поточно 255.000 евра, предлог за кој зелено светло дале и од
обвинителството.
Затворската казна
со парична глоба ќе ја замени и таткото на Лео Меси, Хорхе ќе плати околу
180.000 евра.