268
Малком минатото
лето беше на чекор на Рома, и кога сите очекуваа тој да се качи во авион и да
летне за Рим, доби понуда од Барселона и ја промени дестинацијата.
Бразилецот сепак
не се изнаигра на Камп Ноу и по само 12 месеци се говори за негово заминување. Напаѓачот
се поврзуваше со неколку клубови, а најконкретен во обидите се чини дека е Зенит.
Клубот од Русија
доставил понуда од 41 милион евра, колку што Барса му плати на Бордо за Малком.
Сепак, „каталонците“ сакаат да направат профит и бараат 45 милиони евра.
Според пишувањата
на „Радио Монте Карло“, спортскиот директор на Зенит е во Барселона и се
очекува во следните 48 часа двата клуба да ги испеглаат разликите.