292
Радио Марка информира дека 270 фанови на Реал Мадрид биле измамени, уплатиле билет и превоз до Вембли, но подоцна им рекле дека од технички причини аранжманот се откажува.
Наместо незаборавно искуство, овие фанови доживеале кошмар.
Нивното патување било организирано преку извесна агенција, требало да полетаат во петокот навечер, но биле информирани дека летот е откажан поради одреден проблем.
Биле излажани, останале и без превоз и без пари.
Пријавиле од Реал Мадрид, а од таму за 16 од нив организирале гледање од ложата на Бернабеу каде на бимови ќе се следи финалето од Лигата на шампионите.