Со дуелот помеѓу
Шефилд Јунајтед и Ливерпул со почеток од 13,30 часот утре стартува редовното
седмо коло во англиската Премиерлига, а натпреварувачите во „Фантази
Премиерлига“ веројатно со нетрпение ги очекуваат тамошните возбудувања
викендов.
Можеме да се
пофалиме дека досегашните анализи вродија со плод и истите донесоа бодови над
просекот на претходните кола, се надеваме дека така ќе продолжиме и во иднина,
а ова коло ќе биде од големо значење, особено ако се видат натпреварите, па
секако ќе очекуваме многу од фаворитите.
Почнуваме со
голманската позиција, тука прв избор би требало да биде Едерсон Мораеш од
Манчестер Сити, Евертон е во голема
криза, освен резултатска, истата се сведе и во играта, а јасно е дека промените
од страна на Марко Силва не вродија со плод.
Португалецот,
како што најавивме уште во првата анализа пред самиот старт на новата сезона,
се реши да игра со Клајверт-Луин како централен напаѓач, повлекувајќи го
Ришарлисон нешто поназад, иако Бразилецот одлично се снајде во таа улога лани,
а поради таквите промени во стратегијата „страдаше“ и Сигурдсон кој е во очајна
форма, генерално, тимот од „Гудисон Парк“ тешко постигнува голови, досега
погоди само пет пати во шест одиграни кола, од кои дури три само во еден меч,
во победата против Вулверхемптон од 3-2 на домашен терен, што ни дава право да
го сместиме Едерсон на голманската позиција.
Продолжуваме со
дефанзивната линија, а младиот Фикајо Томори е одличен избор за ова коло, бекот
на Челси ја искористи целосно приликата за докажување укажана од страна на
Френк Лампард, а Брајтон е екипа која веројатно нема што да бара на „Стемфорд
Бриџ“, цената на Англичанецот е доста скромна со оглед на неговиот придонес
како во дефанзивна, така и во офанзивна улога.
Со оглед на
распоредот на Челси во Премиерлигата во периодот кој претстои, како и цената на
фудбалерот, Томори може да се наведе како интересна опција, дури и за клупата
за резервни фудбалери во продолжението од сезоната.
Иако Рикардо
Переира е навистина солиден избор за ова коло, сепак бекот на Лестер пред себе
го има незгодниот Њукасл ова коло, за веќе следното да следи и дуелот со
Ливерпул, па така ние предност би му дале на Серж Орие од Тотнем, кој на
домашен терен игра против Саутемптон, мотивирачка е воедно и цената на
Французинот кој има офанзивни улоги во играта на Спарси.
Во дефанзивната
линија место секако мора да има за дуото бекови на Ливерпул, Трент
Александер-Арнолд, како и неговиот колега од спротивната страна Ендру Робертсон
кој конечно тргна со бодови на „Фантази Премиерлига“, тешко дека Шефилд
Јунајтед би постигнал гол против супериорниот Ливерпул, а доколку се случи
такво нешто, секако ние би очекувале барем асистенција од дуото
Робертсон-Арнолд, што би ја „закрпило“ штетата во едно такво сценарио.
Продолжуваме со
средниот ред, тука се најголемите дилеми, најмногу поради лудата ротација на
Пеп Гвардиола. Сепак, ова коло предност ќе му дадеме на Рахим Стерлинг, иако
неговиот соиграч Кевин Де Брујне игра во неверојатна форма, па ако во
претходното коло сите беа шокирани од фактот што Стерлинг остана на клупа во
победата против Ватфорд од 8-0, нема да зачуди ако истото сценарио се повтори,
но, овој пат со Кевин Де Брујне, иако минимални се шансите за такво нешто,
сепак, лудата ротација на Гвардиола е добро позната на сите, меѓутоа ќе го
селектираме Стерлинг кој сигурно ќе сака да се врати со погодок ова коло, тој е
инаку максимално свеж за гостувањето на „Гудисон Парк“.
Дилемата е секако
и помеѓу Мохамед Салах и Садио Мане, ние предност ќе му дадеме на Салах, не
поради повредата на Мане која е минимална и безначајна во моментов, на Островот
најавија дека тој сепак ќе игра на утрешното гостување кај Шефилд Јунајтед,
туку поради фактот што противникот е по мерка за првата ѕвезда на „Редсите“ кој
обично игра предобро во дуелите против аутсајдерите, а апстинира на дерби
средбите, така беше и во победата кај Челси од 1-2 на гостински терен минатото
коло.
Во средниот ред,
овој пат без никакви дилеми ќе има место и за Сон од Тотнем, веројатно дека
дуелот против Саутемптон на домашен терен е одлична можност за него да продолжи
во одличниот ритам во кој играше досега.
Јури Тиелеманс е
одлично решение за средниот ред, малку зачудувачка е неговата скромна цена на
пазарот, Њукасл знае да биде доста незгоден противник, меѓутоа во поглед на
средниот ред, таму сигурно шанса за докажување ќе има Тиелеманс, кој има
одлична можност да постигне гол или асистенција ова коло.
Средниот ред од
петмина фудбалери го заокружуваме со Мејсон Маунт од Челси, кој игра во животна
форма под кормилото на Лампард од кого има голема доверба, очекуваме бодови од
младиот фудбалер на „Сините“ од Лондон ова коло.
Вообичаено,
настапуваме со еден напаѓач во составот, а таму место за ова коло ќе има за
Тами Абрахам, кој има феноменален учинок досега од седум погодоци во шест
настапи во Премиерлигата оваа сезона, а освен за ова коло, тој е одличен избор
и за претстојните, со оглед на распоредот на Челси во продолжението од
сезоната.
Голман: ЕДЕРСОН МОРАЕШ (6,1)
Одбрана: ТРЕНТ АЛЕКСАНДЕР-АРНОЛД (7,1), ЕНДРУ
РОБЕРТСОН (6,9), ФИКАЈО ТОМОРИ (4,5), СЕРЖ ОРИЕ (5)
Среден ред:
РАХИМ СТЕРЛИНГ (12,1), МОХАМЕД САЛАХ
(12,5), СОН (9,7), МЕЈСОН МАУНТ (6,6), ЈУРИ ТИЕЛЕМАНС (6,4)
Напад: ТАМИ АБРАХАМ (7,5)
Се префрламе и да
ја увидиме состојбата на табелите во македонска конкуренција на генерална
основа, како и во „24фудбал“ лигата.
Во Македонија на
генерална основа лидер е Веле Темелков со досега освоени 419 бода, па ви го
претставуваме и неговиот досегашен избор.


Во лигата на „24фудбал“,
лидер е Александар Стојановски со досега 406 освоени бода, ви го претставуваме
и неговиот избор.

