Поради учеството
на европскиот првак Ливерпул на Светското клупско првенство, мечот со Вест Хем
кој беше предвиден да се одигра на 21 декември ќе биде одложен за друг термин
кој дополнително ќе биде објавен од страна на „Премиерлигата“.
Со тоа,
фудбалерите селектирани од составот на „Редсите“ нема да бидат во комбинација
за настап ова коло, а Ливерпул ќе има два меча во едно коло кое дополнително ќе
биде познато во периодот кој претстои, постојат повеќе опции, меѓутоа ние
сугестираме на тоа да се ослободите од барем еден фудбалер на Ливерпул, доколку го имате во своите тимови, бидејќи ова коло „Редсите“ паузираат, а идното гостуваат кај Лестер.
Ние нудиме две солуции за веројатно најбараните, но, недостапни за ова коло, Мохамед Салах и Садио Мане, ги препорачуваме Џек Грилиш од Астон Вила, како и Ришарлисон од Евертон, тоа што е најдоброто кај обајцата е фактот што две кола во низа ќе имаат ривали по мерка, каде би можеле да освојат добри бодови на своето конто.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe
Најнапред да
започнеме со осврт на случувањата од претходното коло, за многумина полно со
изненадувања со оглед на резултатите, нашата претходна анализа донесе 48
освоени бода, во коло каде просекот на освоени бода изнесуваше 56, сепак,
нашата препорака со Мохамед Салах вроди со плод.
Го препорачавме
Салах во однос на неговиот соиграч Мане, а Египјанецот освои фантастичен скор
од 16 бода, постигнувајќи ги двата гола во победата над Ватфорд на домашен
терен, со што во два меча постигнува одличен скор на бодови и го најави своето
враќање на старите патеки.
Сепак,
разочарувачкото реми на Лестер на домашен терен против Норич, како и ремито на
Манчестер јунајтед против Евертон, односно поразот на Челси од Борнмут пред
своја публика имаше цена, па од тие причини 17 коло беше доста тешко за
освојување на бодови.
„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Застрашувачко трио во нападот кое има противници по мерка ова коло
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe
Во воведниот дел
секако традиционално ќе обрнеме внимание во однос на статистичкиот приказ за
трансфери, таму не е изненадување тоа што Кевин Де Брујне е најкупуваниот
фудбалер за претстојното коло, пред Рашфорд, односно Грилиш.
Де Брујне
постигна два гола, а запиша и една асистенција во победата на гостувањето
на Манчестер Сити кај Арсенал со 0-3, со
што Белгиецот запиша фантастични 19 бода на своето конто.
Можеби очекувано,
можеби и не, најпродаван фудбалер за претстојното коло е Садио Мане, веројатно
најголемата причина за ваквиот резултат го гледаме во тоа што Сенегалецот нема
да има настап ова коло, иако не е исклучена можноста многумина да го задржат во својот тим поради
неговата растечка цена на пазарот, па ќе бидат трпеливи за едно коло, од
причина што, по гостувањето кај Лестер идното коло, Ливерпул потоа има два меча
на домашен терен, против Волверхемптон, односно Шефилд Јунајтед.
Како и да е, ние препорачуваме да го продадете Сенегалецот, од причина што него го чека најпрво гостување кај „Лисиците“, за потоа со добра „математика“ да го вратите во составот.

Нема дилеми во
тоа дека Манчестер јунајтед е голем фаворит на гостувањето кај Ватфорд,
последно пласираната екипа на табелата во Премиерлигата, однсоно екипа која во
17 натпревари постигна 9 погодоци, што е најслаб учинок досега, па така
предност на голманската позиција му даваме на Давид Де Хеа (5.5).
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe
Од трито во
дефанзивниот ред би стартувале со Џон Ландстрам (5.2) кој со својот Шефилд
Јунајтед гостува кај Брајтон. Дефанзивецот на Шефилд кој воедно во реалноста
настапува како фудбалер од средниот ред и е доста опасен во офанзивната игра
минатото коло запиша скор од 11 бода, во победата без примен гол против Астон
Вила.
Со оглед на тоа
што ова коло ќе биде доста тешко за избор на фудбалери, би го препорачале и
Диего Рико (4.4), кој со својот Борнмут на домашен терен игра против Барнли,
меч кој сигурно нема да биде лесен за домаќините, меѓутоа победата на гости
кај Челси од претходното коло ќе им биде
голем предизвик за нови бодови, а зошто да не и меч без примен гол.
Нашите сугестии
ова коло се да не вложувате големи суми на дефанзивниот ред, кој ќе го
комплетираме со Мартин Кели (4.4) од Кристал Палас, кој со својата екипа
гостува кај Њукасл, противник кој игра топло-ладно, а знае да изненади големи
фаворити секогаш, меѓутоа од мечот на „Сент Џејмс Парк“ не очекуваме многу
голови, што отвора простор за бодови од клин-шит за дефанзивецот, односно меч
без примен гол.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe
Сега е ред
веројатно на главните позиции за ова коло од каде најмногу ќе очекуваме
погодоци, тоа е средниот ред каде ќе селектираме петмина, а започнуваме со Џек
Грилиш (6.2) кој иако промаши од белата точка во мечот на гостински терен
кај Шефилд Јунајтед, има многу причини
зошто би му укажале доверба на овој фудбалер кој има одлична сезона досега зад
себе. Пред себе, Грилиш ова коло ќе го има Саутемптон.
Ришарлисон (7.9)
е предводникот на „разнишаниот“ Евертон оваа сезона, тимот од „Гудисон Парк“
игра далеку под нивото, за што се соочува и со борба за опстанок во елитното
друштво во Премиерлигата, токму Бразилецот би можел да стави сол на раната во
Арсенал кој го очекува тешко гостување на „Гудисон Парк“, каде легендата на тој
клуб Данкан Фергусон му тргна одлично како привремено решение на клупата на
Евертон, а Ришарлисон од коло во коло игра одлично. Микел Артета дефинитивно ќе има тешко деби на клупата на Арсенал со оглед на тешкото гостување кое му претстои.
Гостувањето кај
последно пласираниот тим во Премиерлигата,
Ватфорд, е секако и нова можност за Ентони Марсијал (7.7) да покаже што
знае и умее, а тоа што игра осамен во нападот на Манчестер јунајтед е
дополнителна мотивација за нас да го селектираме, со оглед на тоа што на играта
се води како фудбалер од средниот ред, што отвора можност за повеќе бодови од
Французинот. Ќе додадеме дека Марсијал постигна гол во победата на „Црвените
ѓаволи“ од 3-0 над Колчестер во ЕФЛ Купот, а со самото тоа Французинот навести
добра увертира за викендов.
Лукас Мура (7.0)
се уште има атрактивна цена на пазарот, а тој се препороди по доаѓањето на Жозе
Мурињо на клупата на Тотнем, Бразилецот во два меча во серија постигнува гол и
бележи по 8 бода на своето конто. Мура секако би бил интересен избор за дербито
на Тотнем на домашен терен против Челси
ова коло.
Де Брујне (10.3)
игра во одлична форма, нешто за што најавивме уште на почетокот на сезоната во
првите изданија на нашите анализи, напоменавме дека Белгиецот учествуваше со
два гола и една асистенција во победата на Манчестер Сити кај Арсенал со 0-3
минатото коло, а воедно со неговите освоени 19 бода беше и фудбалер на колото,
токму од него најмногу ќе се очекува во дербито на домашен терен на „Граѓаните“
против неверојатниот состав на Лестер.
Рајан Фрејзер
(6.9) очекуваме конечно да покаже што знае и умее, тоа може да го стори во
дуелот на домашен терен кој неговиот Борнмут го игра против Барнли. Свесни сме
за тоа дека Фрејзер се наоѓа во една доста чувствителна ситуација, со оглед на
тоа што е во последните месеци во својот договор со клубот, а нема најави дека
работите ќе се променат, веројатно и на тоа се должи неговата слаба форма
изминатиов период, меѓутоа, очекуваме работите да се променат на теренот токму
викендов.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe
Ватфорд е
најсериозниот претендент за испаѓање од елитното друштво на Островот, а секако
дека Манчестер јунајтед е голем фаворит на гостувањето кај таа екипа, па од
тука, ќе му укажеме доверба на Маркус Рашфорд (9.1), кој инаку постигна гол, а
запиша и асистенција во средината на оваа седмица во победата на „Црвените
ѓаволи“ на домашен терен над Колчестер (3-0), па „загреан“ гостува кај Ватфорд. За издвојување е тоа што цената на Рашфорд рапидно се искачи на 9.1, споредено со почетната 8,5 на стартот од сезоната.
Манчестер Сити е
доста ранлив сезонава, тоа е факт кој го проследивме неколку пати, па така иако
се двоумевме, ќе му укажеме доверба на Џејми Варди (10.1) за гостувањето на
Лестер кај шампионот.
Предлог-состав:
ДЕ ХЕА (5.5); ЛАНДСТРАМ (5.2), РИКО (4.4), КЕЛИ (4.4); ГРИЛИШ (6.2), РИШАРЛИСОН (7.9), МАРСИЈАЛ
(7.7), ДЕ БРУЈНЕ (10.3), ФРЕЈЗЕР (69); РАШФОРД (9.1), ВАРДИ (10.1)
Капитен: Марсијал
Заменик-капитен:
Рашфорд
За крај,
анализата ќе ја заокружиме традиционално со еден краток осврт и приказ за тоа
каква е моменталната ситуација во генералната лига на „Македонија“, како и
лигата на „24фудбал“.
Во лигата на „Македонија“
лидер е Александар Неделковски, имате можност да се запознаете со неговиот
избор.


Во лигата на „24фудбал“
пак, лидер е Бборис Симовски, исто можете да го проследите и неговиот избор.


Среќно до сите
натпреварувачи ова коло, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“,
кодот е следен: ah7lqe